Косење, расчистување и уредување на зеленилото на кружниот тек, на булевар 8 Септември.
Покрај косењето на тревната површина низ булеварското зеленилото во строгиот центар на градот, теренските екипи од овој реон ги уредија леите со нов сезонски цветен расад.
Со соодветна механизација и опрема, денес екипите на терен го косат зеленилото на кејот на Вардар, во општина Аеродром.
Косење трева и собирање откос на булевар Александар Македонски во населба Автокоманда.
Теренските екипи од реон Чаир денес го уредија зеленилото во општината. Со летен расад е обновена цветната фигура Торта, а искосени се и тревните површини на булевар Христијан Тодоровски Карпош и во паркот Чаир.
Од денешните активности на косење на тревните површини низ градското зеленило, го издвојуваме уредувањето на парковското зеленило во населба Драчево.