Блиската соработка помеѓу градските комунални претпријатија денес ја покажаа на терен директорите на ЈП Паркови и зеленило - Зухејр Реџепи, ЈП Градски паркинг - Крсте Петревски и ЈП Улици и патишта - Саид Саид, со заедничка иницијатива на засадување листопадни садници од видот ацер во централното градско подрачје, поточно на ул.Св. Кирил и Методиј.
Денес синдикалната организација во присуство на менаџментот на претпријатието даде подарок новогодишни пакетчиња. Со овој гест им посака среќни новогодишни празници на сите!
Цветните леи во Градски парк од денес во зимско руво.
Денес градоналчаничката Данела Арсовска и директорот Зухејр Реџепи присуствуваа на садење садници на кејот на Вардар, во заедничка соработка со Стопанска банка АД Скопје. Повеќегодишните дрвја од видовите липа, јавор, даб, каталпа и јапонска цреша, кои се донација од банката, изминатиов период ги засадивме во центарот на градот, како и покрај патеката на кејот на
Прекрасно изгледа булеварот Ѓорче Петров, откако нашите екипи ја раззеленија средната лента со нови млади садници.
Наместо извршување на редовните активности, денес екипите од Градски парк екипирано извршија отстранување на контејнер, кој утрово го забележаа фрлен во езерцето во паркот. Ова не е прв пат да затекнеме ваква глетка. Затоа упатуваме апел до сите посетители да престане немилосрдното уништување на јавните добра од зелените површини во градот.
Новите садници од видот гинко билоба се веќе дел од зеленилото на средната жардиниера на булевар Партизански одреди.
Подигање на ново зеленило и хортикултурно уредување на јавни површини со вкупно нов сезонски насад, листопадни, зимзелени дрвја и садници 724.480, 38.539 м2 нови зелени површини и прв нов Мега Парк Даме Груев во општина Ѓорче Петров од над 30.000 м2 💚 🟢 Зелен плоштад на ул. 16 Македонска бригада спроти СУГС Панче Арсовски во
Во ткаењето на зелените површини во Сарај, денес одблизу директорот Зухејр Реџепи заедно со секретарот на општината Сарај Сафи Шабани, присуствуваа на зазеленувањето со нови садници и тоа: триесетипет туја вудворд, три туја смарагд, осум ликвидамбар и три платани.