Оперативните служби и денес реализираат активности за уредување и одржување на зелените површини на повеќе локации низ Скопје.
Во Мега Паркот Бутел континуирано се врши уредување и редовно одржување на просторот, како и наводнување на зелените површини. Паркот е подготвен за посетителите за прошетка, одмор и слободно време во природа. Воедно, на бул. „Христијан Тодоровски Карпош“ уредена е средишната лента.
Во Реон Чаир се врши косење и уредување на тревните површини, како и уредување на кружниот тек.
Share