Денешните оперативни активности на косење, собирање откос и кроење грмушки на зеленилото во реонот Ѓорче Петров, беа повод за посетата на директорот Јетон Буќи заедно со дел од раководниот тим на претпријатието.
Тие одблизу со претпоставените од тој реон, разменија информации и сугестии за работните предизвици кои теренските екипи секојдневно ги превземаат во редовното одржување на површини низ булеварите и парковите во овој дел од градското зеленило.