Увид како се подготвуваат и одвиваат теренските работни активности на кроење на дрвја, согласно предвидениот план за работа на екипите од сектор Дрвореди, денес на улица Радика во Карпош направи директорот Јетон Буќи.
Поткаструвањето на крошните на дрвјата се реализира според издадени Решенија од страна на Секторот за комунални работи на Град Скопје, каде што одржувањето на високата вегетација ја извршуваме согласно приоритетите низ сите делови на булеварските и парковски урбани површини.
Share