Со хортикултурно уредување се обнови дел од зеленилото на бул. Крсте Петков Мисирков. Од поликлиниката Бит Пазар до мостот Мајка Тереза на површина од 3.123м² со озеленување на просторот, засадување на декоративни садници од видот thuja woodwardii, како и поставување на нов систем за полевање се изврши целосна реконструкција на јавната зелена површина.
Уредувањето на површините низ градското зеленило е во координација со Град Скопје и соработка со општините.

Share