Постојано учење и едукација, сè основата на образовниот процес и правилниот развој кај децата. Така денес, во производството на Флораком ДООЕЛ, ученици од II, III, и IV година од СУГС Георги Димитров имаа можност да се стекнат со информации, податоци, примери и совети од областа на хортикултурата. Тие ги посетија расадниците за производтство на зимзелените садници, каде се запознаа со начинот како се произведуваат одредени видиви зимзелени садници и нивните карактеристики. Продолжувајќи во стаклениците каде е производството на сезонскиот цветен расад, учениците внимателно го проследија и презентирањето на сè она што значи цвеќе и цветен расад. На наше задоволство за понатамошна соработка, оваа професионална пракса се реализира во соработка со средните стручни училишта од Скопје.

Share