Пролетните месеци се период кога се налагаат зголемени активности на одржување и уредување на зеленилото. Самото зеленило е во процес на побрзо вегетирање,  па екипите низ сите реони низ јавните зелени површини  тековно работат на средување на парковите и булеварското зеленило. Чистењето на тревници од паднати гранки, смет и отпадоци се почетните подготовки за следната фаза на првото веќе започнато пролетно косење, по што следи и прихрана на тревниците со минерално ѓубриво онаму каде е потребно. Во тек, се одвива и прскањето за заштита на растенијата против штетници на садниците. Плевење на розите и младите сaдници се одвива како дел од пролетното средување на зеленилото, како и кроењето на грмушките. Екипите исто така вршат и дополна на измрзнатиот и оштетен цветен расад, со нов од видот љубичица низ цветните леи во градот.

Како планирани активности овој период се извршуваат и останатите проекти на подигање и уредување на зелени површни на одредени локации во градот.

Share