Екипите на терен  активно периодов работат на чистење, средување и одржување на јавните зелени површини низ градот. Во сите реони низ градското и вонградското зеленило распределено, се извршуваат активности на одржување на зеленилото за престојните пролетни активности и проекти. Така, покрај етапното собирање на лисната маса од тревните површини, се извршува  поткастрување на грмушките, кроење на розите, правење на рабници, отстранување на диво израснатото зеленило, како и подготовка на земјиштето за престојното садење на сезонскиот цветен расад. Со овие тековните активности се извршува и редовното собирање на смет и отпадоци од зелените површини во гардот.

Share