Еден од проектите на уредување на зеленилото долж собраќајниците низ градот, е и подигање и уредување на зеленилото на булевар Никола Карев (Пластичарска улица) кај Бит Пазар. Во моментов, интензивно се работи на целосно средување на овој дел на булеварското зеленило, каде увид на активностите направи директорот д-р Ардијан Муча. Изминатиот период  екипите извршија средување на површина од околу 12.000м² со засадување на нов тревник, а се инсталира и нов автоматски систем за полевање и прскалки.  Разубавувањето на зеленилото на есен ќе се дополни и со засадување на млади садници, каде целата околина ќе добие нов изглед и уредена зелена површина.

Share