Со пролетната акција на раззеленување на јавните површини низ градот се уреди и средишната жардиниера на бул. Босна и Херцеговина. Активностите на подигањето на новото зеленило опфатија неколу фази на целосното уредувње, вклучувајќи и инсталирање на нов систем со прскалки, како и систем капка по капка за наводнување на зеленилото. Во комплетната инфраструктура на новоизградениот булевар сега веќе хортикултурно уреден, се протега  планираното средишно и странично зеленило од двете страни долж булеварот. Покрај новозасадените  листопадни и зимзелени садници од повеќе видови тука се декоративните дрвја, кои покрај тоа што даваат впечатлив колоритен естетски изглед на самото зеленило се доста значајни во процесот против аерозагадувањето и притоа придонесувајќи за почиста животната средина.

Имено, со проектите на ново хортикултурно уредување на дел од булеварското зеленило во градот, се уреди и средишната жардиниера на бул.Гоце Делчев и бул. Александар Македонски, како и средишно и странично зеленило на бул. Крсте Петков Мисирков.

Share