Застрашувачки но вистинито – нашата планета е во моментов среде своето шесто масовно исчезнување на растенијата и животните, шестиот бран на исчезнување во последните половина билион години. Ние во моментов се соочуваме со најлошата серија на исчезнувања од загубата на диносаурусите пред 65 милион години. Иако исчезнувањето на видовите е природен феномен, тоа се случува на природна позадинска стапка од околу еден до пет вида годишно. Научниците проценуваат дека ние сега губиме видови од 1000 до 10000 пати повеќе од позадинската стапка, со буквално десетици исчезнати секој ден. Тоа навистина може да биде страшна иднина со исчезнати 30-50% од сите видови кои се на правец на исчезнување до средината на овој век.  

За разлика од претходните глобални исчезнувања кои настанале како последица од астероидски удари, вулкански ерупции и природни климатски промени, сегашната криза е скоро целосно предизвикана од нас – луѓето. Всушност, 99% од моментално загрозените видови се под ризик од човечки активности, првично преместувањето на живеалиштата, воведување на егзотични видови и глобално затоплување. Бидејќи степенот на промена во нашата биосфера се зголемува, а и истребувањето на секој вид потенцијално води кон исчезнување на други видови поврзани со тој во една сложена еколошка мрежа, бројот на исчезнувања е како ефект на снежна топка која енормно се зголемува во декадата која следи.

За разлика од животните, растенијата не можат да веднаш да го променат своето живеалиште кога им е уништено, што ги прави особено ранливи на изумирање. Глобалното затоплување значително го влошува овој проблем. Затоплувањето на температурите веќе предизвикуваат брзи и драматични промени во опсегот и распределбата на растенијата ширум светот, велат научниците. Бидејќи растенијата го сочинуваат столбот на екосистемите и се основа во ланецот на исхрана, тоа се многу лоши вести за ситевидови, кои зависат од нив за храна, живеалиште и опстанок. Дали ние ќе го одбегнуваме ова или не, зависи од нашите постапки, предупредува Стјуард Пим.

Share