Вчера во текот на доцните вечерни часови а и денес, екипите активно го расчистуваат теренот од настанатите штети од невремето. Силниот ветер предизвика неколку поголеми штети  на дел од градското зеленило, каде беа забележани паднати дрва, искршени гранки кои навремено се отстранија за непречено одвивање на коловозни ленти на сообраќајот и пешачките патеки. На повеќе локации низ скопските општини со интервенциите на екипите се изврши кастрење на 11 дрвја и сечење на 8 дрва.

Share