Силниот дожд и ветер што деновиве го зафати Скопје предизвикаа оштета на зеленилото и паѓање на поголем број на дрвја на повеќе локации во градот. Нашите екипи упорно и навремено работеа на расчистување на теренот. Се интервенираше на: ул.Никола Парапунов, ул. Г.Михајловски, ул.Борка Талевски 11, ул.Шитска 26 во Ѓорче Петров, бул. Партизански Одреди (спроти х. Карпош), ул. Воин Драшкович 2,  кај ТЦ Капитол мол, ул.Ацо Караманов кај претседателската вила, ул.Волгоградска, ул.Никола Русински (кај ТЦ Лептокарија), ул.Даме Крапчев, како и бул. Гоце Делчев, ул.Скупи во Бардовци, кај ОУ Песталоци, ул. Васко Каранѓелески, ул.Веселин Маслеша, ул. Божидар Аџија, кај ресторан Балканика и кај црквата Св. Петар и Павле.

Активностите за расчистување на теренот продолжуваат и денес и на други локации за кои постојано добиваме дојави. Претпријатието работи во координација со Центарот за управување со кризи и доколку забележите паднато дрво, пријавете на телефон 195.

Share