Природата со својата едноставност, а сепак токлу волшебна во овој период од годината е посебна. Како потврда на ова ги издвојуваме дрвјата од видот јапонска цреша (lat.Prunus serrulata), кои со розовата уникатност на првите цветови кои се појавуваат во месец април веќе се забележуваат низ зеленилото во градот. Дрворедите од овие украсни дрвја во Градскиот парк, улицата Максим Горки, средишната жардиниера на Бит Пазар и булевар Партизански одреди низ јавното зеленило, се посебната глетка која може да се забележи овие пролетни месеци. Цветањето на овие украсни дрвја, периодов се издвојуваат како посебен белег на градот,  вклопувајќи се во останатиот колорит од урбаното зеленило.

Share