„Кој е начинот на размножување на зимзелените садници? Како се размножуваат цвеќињата? Колку време е потребно за да пораснат?“, беа дел од прашањата кои ги поставија денешните гости при посетата на производствените расадници на претпријатието. Се надеваме дека успеавме да им помогнеме на младите полесно да ги совладаат основните процеси за развојот на растенијата. Со тоа реализиравме уште една професионална пракса и се надеваме на повторна средба.

Share