Хризантемата со својата уникатна форма е дел од новиот цветен расад во паркот Чаир. Карактеристична за овој период од годината, заедно со љубичицата,  веќе го разубавеа паркот Чаир. Како почеток на садењето на новиот сезонски расад поддршка даде и директорот Ардијан Муча заедно со дечињата од градинката ЅВЕЗДИ. Заедничката посветеност и трдољубивост на дечињата направија садењето во паркот со новите цвеќиња да биде уште поубаво и забавно.

Уредувањето на јавните зелени површини со нов сезонски расад, ќе продолжи периодов  и низ останатите цветните леи ,цветни фигури и паркови во градот.

Share