Традицинално, по 27-ми пат во организација на Синдикалната организација СУТКОЗ во Охрид се одржаа Синдикланите спортски игри – Комуналијада. Учество земаа голем број на претставници – учесници и гости од повеќе комунални претпријатија во земјава. Секако, и оваа година наши вработени земаа учество во оваа манифестација. Натпреварувајќи се во спортските игри во работната дисциплина за аранжирање на свежо цвеќе нашиот колега Баки Саиди, посветено и  професионлано го освои првото место. Ова е уште една потврда за одговорно и посветено професионално извршување на работата на нашите вработени, а притоа давајќи несебичен придонес во претставувањето и меѓусебното дружење со останатите учесници во оваа Комунлаијада.

По повод добиеното прво место Директорот Д-р Ардијан Муча оствари средба со првонаградениот Баки Саиди и му изрази честитки за неговата професионалност.

Share