Јавното претпријатие Паркови и зеленило е основано од страна на Град Скопје.

Основната дејност на претпријатието е уредување и одржување на јавните зелени површини  преку:

  1. Одржување на јавното градско зеленило
  2. Одржување на вонградското зеленило и спортско-рекреативните центри.

Претпријатието врши дејност од јавен интерес во комуналната сфера на територија на град Скопје. Своето делување го реализира преку спроведување на Програмата за работа што ја усвојува Советот на Град Скопје. Како единствено јавно претпријатие, кое се грижи за подигнување, уредување и одржување на зелените површини на територија на градот Скопје, има улога на сервис на граѓаните под мониторинг на стручните служби на градот Скопје.

Оперативната реализација претпријатието ја спроведува преку:

  1. Одржување на јавното градско зеленило подигнато согласно урбанистичкиот план: булеварско, дрвореди, паркови.
  2. Подигање на нови јавни зелени површини и паркови.
  3. Хортикултурно уредување на површини од затворен тип (индустриски објекти, училишни дворови, болници)
  4. Одржување на вонградско зеленило (Парк – шума Водно, Гази Баба и заштитно подрачје Матка)
  5. Изградба на придружни елементи во парковски површини, парковски инвентар, видиковци, изработка и поставување на клупи и слично.
  6. Подигање на ветрозаштитни појаси.
  7. Пошумување на голини и ерозивни терени.

Претпријатието е основач на две друштва со ограничена одговорност, и тоа:

–       ФЛОРАКОМ  ДООЕЛ

–       ЛУНА  ДООЕЛ