Повеќе видови на листопадни и зимзелени садници, грмушки, перени и топијари  се новите садници кои ќе ги раззеленат јавните зелените површини во градот. Oваа голема есенска Акција, денес се означи со засадување на нов дрворед по должина на булеварот „АСНОМ“. Директорот д-р Ардијан Муча, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и градоналачникот на општина Аеродром Златко Марин, ги истакнаа заложбите за подобрување на животната средина и активностите за збогатување на урбаното зеленилото со нови садници, како една еко целина. Акцијата на садење садници е дел од програмските активности на претпријатието, во соработка со Град Скопје, за облагородување и уредување на зелените површини со нови садници. Со оваа акција  вкупно ќе се засадат повеќе од 15.000 висококвалитетни садници. Исто така, акцијата ќе продолжи да се одвива по планирано утврдени локации низ градот и тоа низ булеварското зеленило, градските парковите и магистрални градски улици.

Share