Во Парк на природата Гази Баба, деновиве екипите извршја поставуање на нови информативни табли. Изработени се вкупно четири информативни табли. Со наменета содржина за растителниот и животинскиот свет кој е најраспространет на ова подрачје, како и со информативни знаци истите, се  поставија на неколку локации низ паркот. Покрај значајната порака  да ја чуваме природата, од особено значење се и информациите и податоците за тоа како и на кој начин треба да се однесуваме при престој на јавен простор во парк шума. Изработката и поставувањето на новите информативни табли се парковски елементи кои покрај одржувањето на зеленилото  се дел од севкупното уредување на паркот.

Share