И во месец декември работните активности на екипите на терен се во полн ек.  Така денес, директорот Ардијан Муча заедно со Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу, го посетија паркот, промовирајќи го како еден од убавите зелени површини во градот. Новиот парк е со површина од 9.121м²  и се наоѓа во населбата Топанско Поле во општина Чаир. Поточно, паркот – зелен плоштад помеѓу улицата Втора Македонска бригада и улица Ферит Мурати,целосно е реконструиран, инсталиран e автоматски систем за полевање, засадени се листопадни и зимзелени садници и рози, каде овој простор влегува во мапата на уште еден убав уреден парк во градот. Во координација со Град Скопје и соработка со општина Чаир во паркот покрај зеленилото се поставија нови клупи, корпи за отпадоци, пешачки патеки, како и нови детски реквизити за најмалите.

Share