Продолжува уредувањето и разубавувањето на зеленилото во градот. Така, со нов цветен расад од видот хризантема во кружни форми, се уреди зеленилото на новиот кружен тек во општина Чаир. Трите кружни низи од цветен расад како новина, разиграно му даваат свежина на просторот. Во садењето на новиот расад активно учествуваше и директорот Ардијан Муча заедно со градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу. Во уредувањето на овој дел од булеварското зеленило на сообраќајницата со нов цветен расад се уреди и цветната фигура „Торта“, каде есенските тонови од бои се вистинско уживање.

Share