Чистење и уредување на централното градско зеленило

 

Во пресрет на одржување на Суперкупот на УЕФА, кој ќе се одржи на Националната арена „Филип Втори“ на 8 ми август во Скопје, деновиве екипи од ЈП „Паркови и зеленило“ работат на активности од своите надлежности.

Екипите од Секторот „Градско зеленило“ работат на одржување на зеленилото и чистотата во централното градско подрачје, во првиот и втор дел на Градскиот парк, зеленилото околу стадионот, како и чистење и уредување на зеленилото на кејот на реката Вардар.

Активностите вклучуваат: косење на тревната површина, кастрење и обликување на крошните на дел од дрворедите, кроење на зеленилото, полевање  на цветното и тревно зеленило, собирање на смет и отпадоци, а ќе се постави и нова урбана опрема (клупи и корпи за отпадоци) на одредени локации.

Во оваа активност се вклучени и екипи од ЈП „Комунална хигена“ на Град Скопје.

 

 

   

 

18.07.2017

 

 

 

 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet