Уништен систем за полевање на зеленило
Деновиве екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ извршувајќи ги работните активности на терен, поточно на ул. “Ѓорѓија Пулевски“, забележаа оштетувања на дел од парковскиот систем за наводнување на зеленилото. Целосно се оштетени две шахти и електро вентил за автоматскиот систем за полевање .
Со ваква слика вработените на ЈП „Паркови и зеленило“ се среќаваат многу често и тоа уништување на парковски елементи (клупи, детски реквизити, корпи за отпадоци, фонтани, видиковци, оштетувања на цветни и тревни површини, оштетувања – отстранувања на цвеќе и садници од гадското зеленило), како и несоодветно фрлање на смет и отпадоци на јавните зелени површини.
Оттука, апелираме до сите несовесни посетители во парковите и зелените површини, да внимаваат како се однесуваат и да не го уништуваат зеленилото.

13.07.2017