Тридневна акција за косење на Кале

 

Деновиве  екипи од „Гардско зеленило“ во тридневна акција ќе изврши косење на левата страна на реката Вардар, на вегетацијата покрај сообраќајната лента на ул.„Лазар Личеноски“. Со оваа акција ќе се опфатат ул.„Самоилова“ како и полигонот под тврдината „Кале“. Ќе се изврши уредување на јавната зелена површина со косење на диво израснато зеленило, косење на тревна површина, кастрење на гранки, како и утовар на смет и отпадоци.

Акцијата е дел од оперативното, редовно и тековно одржување на зеленилото низ гардот.

Истовремено, поради летниот период и високите температури во тек е интензивно полевање на јавните зелени површини во две смени (ноќно полевање).

 

  

 

12.07.2017

  

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet