Интензивно полевање на зеленилото

 

 

Екипи од Секторот Градско и Вонградско зеленило на ЈП „Паркови и зеленило“ изминативе денови извршуваат редовни активности на полевање на јавните зелени површини на територија на  Град Скопје. Поради високите температури во летниот период вегетацијата бара соодветна нега и одржување, како и интензивно полевање – наводнување.Оттука, особено се акцентира полевањето на  осетливите цветни и тревни површини, каде во две смени се врши полевање со автоматскиот систем за полевање, рачно полевање на делови од зеленило, како и полевање со цистерни за вода.

Полевање ќе се врши на булеварско и блоковско зеленило на следниве локации - реони: „Ректорат“, „Кале“, „Чаир“, „Топанско поле“, „Карпош 1 и 2“, „Центар“, „Кисела вода“, „Реонски Центар“, „Аеродром“, „Карпош 3“, „Ѓорче Петров“, „Јане Сандански“, како и на реон од Вонградско зеленило „Гази баба“ (во втора смена).


  


06.07.2017

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet