Апел

 

Според Програмата за работа и согласно Законот за заштита и спасување и Законот за шумите, ЈП „Паркови и зеленило“ презема мерки и активности за превентивно делување во врска со заштитата од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор во наредниот период. За поуспешна заштита од настанување на евентуални пожари, ЈП „Паркови и зеленило“ и Дирекцијата за заштита и спасување известува дека, заради зголемувањето на надворешните температури и сушниот период, се зголемува и опасноста од настанување на шумски пожари и други пожари на отворен простор и дека ваквата состојба наложува поголема будност и мобилност на сите граѓани и субјекти во заштитата од пожари. Како неопходни мерки за намалување на опасноста од настанување на шумски пожари и други пожари на отворен простор, ЈП „Паркови и зеленило“ упатува апел до сите граѓани на Р. Македонија:

- да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места;

- да не се палат стрништа, земјоделски и други површини;

- да не се фрла стакло, стаклени шишиња, и друг стаклен отпад;

- да не се врши  палење на отпад и друг горлив материјал;

- да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња.

 

Доколку забележите пожар на отворен простор граѓанска должност на секој граѓанин е најбрзо што може да го пријави во надлежните институции. Успехот на акцијата за гасење на пожарот зависи од брзината на јавувањето, содржината и точноста на информации. Граѓаните најпрво треба да се јават и да пријават во Против Пожарната Служба на бројот 193 и во Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување во зависност на подрачјето на кое се наоѓа пожарот.

 

 

04.07.2017

 

 

 

 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet