Екипи на терен по невремето

 

Вчерашното невреме на ден 14.06.2017 год. кое го зафати Скопје и регионот, проследено со обилни врнежи од дожд и појава на град, предизвика поплави на неколку локации во градот, како и оштетување на дрвја и зеленило. Екипите од одделението „Дрвореди“ на ЈП „Пркови и зеленило“ интервенираа на повеќе локации во општина Бутел, потоа во општина Карпош, во нас.Козле и на локации во општина Аеродром. Со соодветна механизација во две екипи се работи на расчистување на паднати четири дрва, искршени крошни на стебла и искршени гранки од невремето. Поројниот дожд, силниот ветер и појавата на град, придонесе за оштетување не само на стеблата – дрвјата , туку оштетувања и уништувања се направи и на дел од цветните површини низ градското зеленило.

Екипите ќе работат на терен и денес, ќе се следи временската состојбата а доколку има потреба и соодветно ќе се интервенира.

Екипите од одделениоето „Дрвореди“  се дел од екипите на штабот за заштита и спасување на Град Скопје.

 


15.06.2017

 

    

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet