Подготовки за Скопски цветен фестивал 2017

 

Во пресрет на одржување на Четвртиот по ред Скопски Цветен Фестивал 2017, деновиве екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ вршат подготовки на уредување на просторот. На зеленилото во парк „Македонија“ прв дел (наспроти Веро2 Тафталиџе) каде ќе се одржува фестивалот, активно се извршуваат активности на косење на тревната површина, полевање на зеленилото и цветниот расад, правење и обликување на тањири на дрвјата, кроење на зеленилото, поправка на оштетените дрвени парковски елементи, како и дополнување со ризла на делови од партерните патеките за пешаци.

Екипите веќе ја имаат точната нацрт - мапа со точни податоци за целосно уредување на фестивалскиот простор за учесниците. Исто така во тек се подготвуваат делови од зеленилото каде ќе се постават овогодинешните цветни фигури, а се распредуваат и продажните штандови за излагачите на фестивалот.

Планирани се и делови каде посетителите ќе имаат можност да се забавуваат како: еко катчиња, мултимедијални перформанси, отворени галерии и др.

Активностите на екипите продолжуваат и во на редните денови, се до одржувањето на фестивалот во двата фестивалски дена 27 и 28 Мај (сабота и недела) 2017 година.

 

                                       

18.05.2017

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet