СКОПСКИ ЦВЕТЕН ФЕСТИВАЛ 2017
Почитувани пријатели,
Под прокровителство на Градоначалникот на Град Скопје, а во ораганизација на ЈП „Паркови и зеленило” – Скопје, со особено задоволство Ви го најавуваме Четвртиот Скопски цветен фестивал - СЦФ кој ќе се одржи на 27. и 28. мај 2017 година, во Парк Македонија (паркот спроти Веро 2 Тафталиџе).
Целта на фестивалот е на едно место да ги собере љубителите на цвеќето и природата, професионалци во областа, уметници, деца и ученици кои ќе ја изразат својата креативност на овој простор.
Во двата фестивалски дена ќе се случуваат следниве активности:
1. Цветни градини – изложбен простор на професионалци и ученици;
2. Дизајнирање цветни површини;
3. Креативни работилници;
4. Уметничко катче со еко-пораки, тематски претстави, отворена гaлерија, мултимедијални перформанси, вежбање на отворено.
Oрганизаторот на фестивалот обездува простор каде ќе може да се претставите со Ваш дизајн и производи. Настанот ќе има медиумска покриеност и соодветна афирмација.
Со надеж за успешна соработка, срдечно Ве поздравуваме!
Подетални информации за фестивалот може да добиете на:
email: cveten.festival@gmail.com
skopskicvetenfestival@parkovi.com.mk bilstoj@yahoo.com
Билјана Стојанова тел: 02/3064-013, моб: +38970303403