„Шазам“ за растенија ќе ги идентификува растенијата според слика

 

Во светот постојат околу 400,000 цветни видови на растенија и разбирливо е дека може да биде потешко да им се влезе во траг. Повеќето од нас можат да препознаат и именуваат само мал број растенија, иако би сакале да биде поинаку. Доколку сакате да го зголемите вашето знаење во прекрасното царство на растителни видови, има добри вести за вас. Како и за сè друго: постои апликација за тоа!

Ако некогаш поминете покрај специфично растение кое би сакале да го идентификувате, или да си го проширите знаењето за растителните видови, тогаш апликацијата PlantNet е за вас. Достапна за уредите iPhone и Android, таа е практично Шазам за растенија.

 

Како работи апликацијата?

Апликацијата ги презема податоците од големите социјални мрежи кои објавуваат слики и информации за растенија. Ја развија научници од четири француски организации, вклучувајќи ги Cirad, IRA, Inria/IRD и Tela Botanica Network.

Се карактеририза со софтверска визуелизација која препознава многу растителни видови, предвидено дека била доволно добро илустрирана во предвидената ботаничка база. PlantNet моментално работи на повеќе од 4,100 видови дива флора и листата на видови е обезбедена преку апликацијата. Бројот на вклучените видови и слики употребени од апликацијата расте со придонесот на сè поголемиот број на корисници.

Додека само мал број на растителни видови можат да бидат идентификувани до сега, со вклучувањето на повеќе корисници од различни држави, оваа апликација ќе стане поразновидна.

Во иднина, базата на податоци може да им помогне на сите љубители на природата да го рашират она што таа има да го понуди. Не само почисти и непрскани диви видови и билки, туку истите можат да се берат посвежи и похранливи. Во исто време, оваа апликација неминовно почесто ќе ги носи луѓето надвор во природа, на прошетки, со голема љубопитност да научат малку повеќе што има околу нив.

 

                          видеоhttps://youtu.be/W_cBqaPfRFE 

 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet