Активности на одржување на градското зеленило

 

Природата – вегетацијата во пролетните и летните месеци бара соодветно и интензивно третирање и одржување. Особено во градското зеленило, секојдневно екипите  на ЈП „Паркови и зеленило“  извршуваат  активности на косење на тревните површини, полевање на зеленилото, кроење и обликување на зеленилото, уредување со садење на сезонски цветен расад во цветните леи, како и редовно одржување на чистотата на јавните зелени површини.

Деновиве екипи од реонот Градски парк извршија садење на летен цветен расад од видот на лобелија (lat.lobelia erinus), џунџуле (lat.tagetes) и петунии (lat.petunia hybrida) во цветните леи во прв дел на гардскиот парк. Промена и садење со нов цветен расад се изврши на повеќе цветни фигури на зелените површини.

Истовремено, екипи со соодветна механизација работат на косење и уредување на диво израснато зеленило во близина на Природно - математичкиот факултет (кај скривниците) на Гази Баба, потоа чистење на коритата и косините кај Усјански канал во општина Кисела Вода, се уредува и обраснатото со густа вегетација зеленилото кај бул.„Трета македонска бригада“. Исто така се работеше на чистење на зеленилото на косините на кејот, кај патеките за рекреација во општина Ѓорче Петров.

Во тек е и акцијата на посета на скопските општини за чистење, уредување и подигнување на комуналната хигена во градот, каде во општина Центар, во тек екипите извршуваат активности од своите надлежности.

 

 

 

 

 

 

                           04.05.2017

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet