Пролетна акција на Јавните Претпријатија во општина Центар

 

Продолжуваат активностите во рамките на четринаесеттиот циклус на посета на скопските општини, каде од денес 02.05.2017 па до 06.05.2017 година, ќе се реализираат активности за чистење на Општина Центар. Ова е дел од пролетнатта акција за чистење на општините во Скопје, каде јавните претпријатија интензивно ќе извршуваат активности од своите надлежности, се со цел зголемување на степенот на чистотата и комуналната хигена во општините.

Така, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ со соодветна механизација ќе работат на уредување на јавните зелени површини, и екипи од одделението „Дрвореди“ ќе работат на сечење на стари и суви дрвја, како и кроење на неправилни и неуредени крошни на дрвјата на повеќе локации во општина Центар.

 

02.05.2017 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet