Реонски парк „Кале“

 

 

Јавните зелени површини на „Градско зеленило“ го опфаќа и зеленилото на тврдината Кале, каде екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве работат на уредување на зеленилото. Начинот и интензитетот на одржување и уредување зависи од климатските услови, структурата на зеленилото и неговата распространетост. Екипите од Секторот „Подигање зеленило“ работат на реконструкција на дел од тревната површина, целосно хортикултурно уредување на дел од зеленилото со садење на соодветни зимизелени садници. Деновиве се изврши садење и на сезонски цветен расад во цветните леи од видот: tagetes, cinija и salvija. Косење на тревната површина, собирање на тревниот откос, собирање на отпадоци и смет, кроење и кастрење на дрвја и грмушки, полевање на зеленилото и цветниот расад,  се дел од тековните работни активности.Исто така со пролетната акција за садење на садници на реонски парк „Кале“ се насадија околу триесетина садници од видот: Prunus pissardi Nigra, Corylus colurna и  Platanus acerofolija.

 

  

 

26.04.2017

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet