Уредување на зеленилото во близина на ГТЦ

 

Деновиве во близина на ГТЦ започна реконструкција на веќепостоечкото зеленило со површина од околку 200 м2. Во соработка со Град Скопје, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ веќе извршија расчистување на теренот, се изнесе шут, се искастрија старите и оштетени грмушки, се израмни теренот, а наредниот период ќе следи хортикултурно уредување на просторот.

Воедно, изминатиот период активно се работи на обновување на зеленилото и  целосна реконструкција на јавна зелена површина од околу 7000 м2 во парк „Жена борец“ пред ГТЦ.

Изминативе неколку години Град Скопје во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ реализираеше низа на проекти за подобрување на состојбата на зелените површини низ градот, како изградба на нови паркови, уредување на постоечки паркови, уредување на булеварско зеленило, акции за садење на дрвја и садници на целата територија на Град Скопје.

 

21.04.2017

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet