Садење садници во парк на природата „Гази Баба“

 

Ученици од средните училишта СУГС „8ми Септември“, СУГС „Арсени Јовков“, АСУЦ „Боро Перушевски“, Гумназија „ЗЕФ Љуш Марку“, „Цветан Димов“ и „Панче Арсовски“ заедно со градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски, гардоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски и Директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Душан Авировиќ  денес, учествуваа на садење на листопадни садници во паркот на природата „Гази Баба“.

Поточно на местото (кај игралиштето зад објектот на Природно - математичкиот факултет ) во паркот на природата „Гази Баба“ досега се насадија 300 садника, од вкупно 640 листопадни дрвја за овој реон, од видот:Acer platanoides, Fraxinus excelsior, Platanus acerifolia, Tilia parvifolia, Alnus glutinosa, Ulmus Fastigiata, Quergus rubra, Catalpa bignoides и Tilia europaea.

Со пролетната Акција за садење на садници на повеќе локации на територија на Град Скопје, вклучувајќи го  и „Вонгардско зеленило“ во парк на природата „Гази Баба“,  се врши пошумување, а со тоа  зголемувањето на функцијата на зеленилото и неговото значење.Вакви акции се  од особено значење за големите урбани средини, каде се повеќе се наметнува потребата од зеленило за прочистување од аерозагадувањата.

Садењто садници продолжува и наредниот период на останатите планирани локации.

 

 

 

 

 

 

 

 

 30.03.2017

 

   

 

 

 

 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet