Акција на садење на дрвја во Општина Аеродром

 

На новоподигнатата  зелена површина на раскрсницата на бул.„Видое Смилевски Бато“ со бул.„Февруарски поход“ викендов се засадија околу 100 листопадни садници. Со учество на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, Директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Душан Авировиќ и градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски се засадија јавори, каталпи, брези, сорбуси, гинко и други видови листопадни дрвја. На ова зеленило во општина Аеродром на површина од околу 6.800 квадратни метри се постави хидрантска мрежа од 500 должни метри, систем за полевање со 70 прскалки и 20 хидранти за рачно полевање на зеленилото. Оваа пролетна акција за садење 5.000 дрвја на територија на градот Скопје е акција на градот, ЈП „Паркови и зеленило“ во соработка со општините за садење дрвја по дрворедите на булеварите, на јавните зелени површини и новите паркови. 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet