АПЕЛ

 

Изминатата недела чуварските служби на ЈП „Паркови и зеленило“ на реонот во парк на природата “Гази Баба“ увидоа целосно уништен видиковец - парковски елемент за одмор и релаксација на посетителите. Ваквите случаи на уништување и демолирање на постоечките парковски дрвени клупи, маси, видиковци, реквизити за вежбање, корпи за отпадоци, се забележуваат доста често. Случајот е пријавен во полициска станица и во тек е постапка за откривање на сторителите.

Деновиве во Градски парк се забележани уништени и оштетени светлосни канделабри, уништени и недостаток на дел од цветни површини, фрлени отпадоци по зеленилото, што говори за несоодветното однесување од страна на посетителите.

 

            

 

Во парк – шумата „Водно“ екипите на терен особено за време на викендите каде посетеноста е зголемена, постојано работат на расчистување и собирање на смет, ѓубре, отпадоци, дури и направени мини депонии покрај (патот што води од с.Нерези) и на голем дел од зеленилото.

Оттука, АПЕЛИРАМЕ до сите граѓани при посета на парковите и зелените јавни површини да внимаваат и соодветно да се однесуваат кон урбаното зеленило, да придонесат за зачувување на почиста и поздрава животна средина.

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet