Садење на листопадни садници

 

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ денес 21.03.2017 година продолжуваат со акцијата на садење на садници. Околу 220 листопадни садници од видот: Fraxinus angustifolia Raywood, Fraxinus exc.pendula, Lirodendron tulipifera, Tilia fastigiata, Acer platanoides,Betula pendula, Sorbus scandica, Ulmus pendula, Sorbus aucuparia, Platanus acerofolija и Quercus rubera кои ќе се засадат на следниве локации:

-            Реон Ректорат: Кружен тек - „Детелинка“;

-            Реон Автокоманда: Кружен тек кај цветната фигура „Корпа“;

-            Реон Јане Сандански: Бул.„Јане Сандански“;

-            Реон Реонски Центар: Бул.„Трета Македонска Бригада“ (кај крстот);

-            Реон Градски парк (втор дел);

-            Реон Рајски парк.

Исто така, утре 22.03.2017 ќе се изврши транспорт на околу 800 листопадни дрвја во Парк на природата „Гази Баба“ каде веќе е подотвен теренот за пошумување.

 

                     

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet