4140 садници се садат во Скопје!

 

 

Листопадни увозни садници - дрвја кои ќе ги збогатат булеварите и парковите низ јавните зелени површини во Скопје, деновиве пристигнаа во Јавното Претпријатие „Паркови и зеленило“. Вкупно 4.140 дрвја од видот: Acer dasycarpum, Fraxinus exc.Jaspidea, Platanus acerofolija, Ulmus pumula, Fraxinus exc.Globosum, Sorbus scandica, Lirodendron tulipifera, Fraxinus pendula, Catalpa bingo globosa, Butela veruccosa, Tilia parvifolia, Liguidambar styraciflua, Ulmus pendula, Carpinus betulus Fastigiata, Alnus glutinosa, Lirodendron tulipifera, Sorbus aucuparia и Ulmus fastigiata, ќе се засадат во дрворедите на сите општини во градот Скопје.

Екипи од „Градско зеленило“ изминатиов викенд изврши садење на 260 листопадни садници на следниве локации:

 

-            Реон Ѓорче Петров: ул.„Лука Геров“;

-            Реон Кале: кај паркингот Кале, Американска Амбасада;

-      Реон Аеродром: бул.Трета Мак.Бригада, ул.„Васко Карангелевски“, кај црквата кај Мајчин дом;

-            Реон Рајски парк;

-            Реон Реонски центар: бул.В.С.Бато;

-            Реон Градски парк;

-            Реон Автокоманда: кај Тутунска банка;

-            Реон Ректорат: кај катна гаража, кај МРТВ;

-            Реон Центар: бул.МХ.Јасмин, бул.К.Ј.Питу, ул.„11ти Октомври“ и бул.Кочо Рацин;

-            Реон Капиштец: Парк Македонија и бул.М.Т.Гологанов;

-            Реон Чаир: ул.„Ферид Бајрам“, бул.Х.Т.Карпош,ул.„Крсте Арсенов“, ул.„Боца Иванова“, ул.„Босна и Херцеговина“, ул.„Александар Урдаревски“.

 

Акцијата за садење ќе продолжи и наредниот период на останати локации на градското зеленило, реализирајќи се етапно. 

 

               

                        

  

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet