Пролетно средување на зеленилото во парк на природата „Гази Баба“

 

Изминатиов период екипи на „Вонградско зеленило“ работат на повеќе активности за пролетно средување на зеленилото. Поточно, во Паркот на природата „Гази Баба“ се врши кастрење на зеленилото покрај трим патеките, како и средување и чистење на зеленилото од отпадоци и смет. По повод Денот на пролетта во тек е копање – подготовка на 640 места за садење на дрва.

Исто така во парк-шумата „Водно“ тековно работат екипите на чуварската служба, а се работи и на собирање на отпадоци, смет, ѓубре особено за викендите кога посетеноста на граѓаните е зголемена.

Пролетно средување на зеленилото се врши и во СРЦ Сарај, каде во паркот се засади сезонски цветен расад.

 

20.03.2017 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet