Пролетна акција на Јавните Претпријатија во општините

 

Акција во општина Ѓорче Петров

 

Во рамките на четиринаесеттиот циклус на посети на скопските општини се одржаа средби на службите на општините со претставниците на урбаните и месните заедници. Во соработка со градската администрација и јавните претпријатија на Град Скопје, вршат акција за чистење на општините. Изминатата недела акцијата се реализира во општина Кисела Вода. Таму се работеше на следните локации:

·         Бул.„Борис Трајковски“; ул.„Христо Татарчев“; во нас.Драчево; ул.„Ѓорѓи Димитров“ - се изврши садење на околу 2.500 корења на цветен расад од видот viola.

·         На бул.„Борис Трајковски“; ул.„Христо Татарчев“; ул.„Ѓорѓи Димитров“; ул.„Козјак“ и ул.„Михаил Чахов“ - утовар на лист и отпадоци од зеленило од 9.200 тони смет.

·                    Во паркот „Шопен“ и на ул.„Михаил Чахов“ – собрање на лисна маса од 10.400 м2

·                     Бул.„Србија“ - кроење на 215 рози.

Акцијата имаше позитивен резултат и соработка со граѓаните, а продолжува нареднава недела во општина Ѓорче Петров.

Секоја година напролет и наесен се одвиваат овие акции за чистење на општините, каде активно учествуваат јавните претпријатија во текот на цела недела. Јавните претпријатија извршуваат активности од нивниот делокруг на надлежности со цел за подобрување на условите за живот на граѓаните. ЈП „Паркови и зеленило“ со своите екипи работи на кастрење на крошните на дрвјата, сечење на сувите гранки, кроење на блоковското и булеварското зеленило и садење на сезонски цветен расад.

 

  

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet