Реконструкција на зеленило во парк „Жена борец“

 

 

На површина од околу 7.000 м2 со соодветна механизација екипите од секторот „Подигање на зеленило“ деновиве работат во парк „Жена борец“. Активно се работи на реконструкција на стариот систем за полевање на зеленилото, со поставување на целосно нов хидрантен систем за полевање на тревните и цветните површини. Со овој систем се постигнува поголема ефикасност при тековното одржување на јавните зелени површини. Воедно ќе се изврши и реконструкција на зеленилото, озеленување со нова тревна површина, и понатамошно садење во цветните леи со сезонски цветен расад. 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet