Поставување на систем за полевање на зеленило на бул.„В.С.Бато“ и бул.„Февруарски Поход“

 

 

На бул. „Видое Смилевски Бато“ и бул. „Февруарски поход“ долж страничното зеленило, деновиве екипи од секторот „Подигање зеленило“ интензивно работат на поставување на хидрантска мрежа за полевање. Со потребна механизација се работи на поставување на целосниот систем за полевање од соодветни цевки, хидранти и прскалки, во должина од околу  900 метри, и ширина од 15 метри. Етапно во фази ќе се реконструира и уредува веќе постоечката зелена површина, односно озеленување на тревните површини и садење на соодветни садници.

  

 

06.03.2017

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet