Посета на ученици од ОУ„Тихомир Милошевски“ на Флораком

 

Ученици од Основното училиште „Тихомир Милошевски“ од с.Ново Село општина Ѓорче Петров, ги посетија производствените погони на Флораком  ДООЕЛ. Во пресрет на пролетта, а со тоа и садењето на пролетниот цветен расад, децата се информираа за процесот на самото производство на цветниот расад. Тие имаа можност на презентацијата да го видат начинот и постапките на садењето на цветниот семен расад, неговата припрема,`ртење на соодветна температура, почва, системот на полевање, размножувањето, односно потребите соодветни услови на самите растенија за нивен опстанок. На овој начин се подготвува и актуелното цвеќе од видот viola, да  се замени со нов пролетен цветен расад.

На учениците им беа подарени цветни расади, кои ќе ги засадат и ќе го красат училишниот двор.

Ваквите активности на децата се од големо значење, не само едукативно, туку и подигнување на свеста уште од најмала возраст.

 

   

 

 

 

 

 

 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet