Осмомартовска понуда

 

 

Во пресрет на меѓународниот ден жената 8 Март, во продажните места на Флораком ДООЕЛ на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, има разновидна понуда на цветни аранжмани.

Во продавниците „Камелија“ на бул. „Илинден“ бр.104, „Роза“ на бул.„Илинден“ и „Стрелиција“ на ул.„Рузвелтова“ граѓаните можат да набават разни видови од саксиско салонско цвеќе од видот: yucca elephantipes, zamioculcas, dracaena marginata (мала, средна и голема), разни видови на бонсаи дрва, schefllera, ficus benjamina (шарен  и зелен бенџамин), asparagus, dieffenbachia, мини кактуси и др. Од цветното саксиско цвеќе има: gardenia, kalanchoe, spathiphyllum  anthurium, мини роза во различни бои, primula, cyclamen, orchidaceae  phalaenopsis (мала орхидеја) и др. Исто така, на понуда има разни видови на резано цвеќе, сезонски цветен расад, декоративни букети и аранжирано цвеќе.

 

Галерија

 

 

Честит празник!

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet