Садење цветен расад

 

Викендов, 25 и 26 февруари, екипите од секторот „Градско зеленило“ работеа на садење на цветен сезонски расад на повеќе локации на јавните зелени површини низ градот. Околу  4.000 корени од видот viola (љубичица) во црвена, сина, бела и жолта боја  се садеа во парк „Македонија“, Градски парк, во Центар и на бул.„Илинден“. Со ова садење се врши промена на оштетените и надополнување на места каде недостасува цветен расад кој трае се до рана пролет. Се врши замена на видот хризантема и украсна (декоративна) зелка со цвеќе од видот виола во цветните леи на градското зеленило. Акцијата за садење на  сезонски  цветен расад ќе продолжи и наредиот период.



28.02.2017

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet