Одделение „Дрвореди“

 

·         10.03.2017

 

Информираме дека во недела на ден 12.03.2017 година, екипата „дрвореди“ ќе започне со акција на кастрење на гранките на дрвјата во општина Центар на булеварите: Димитрие Чуповски, Климент Охридски и ВМРО. Акцијата се спроведува поради овозможување на поголема видливост на возачите и ослободување на патната сигнализација и поголема прегледност и безбедност во сообраќајот. Акцијата ќе продолжи и во наредните викенди.

 

  

 ·            03.03.2017

Информираме дека одделението за   „дрвореди“ во хедела на ден 05.03.2017 година ќе работи на сечење на дрвја во ПОУ Св. „Климент Охридски“  во Визбегово и во кругот на Рехабилитациониот центар „Порака“ во нас.Капиштец.  

                                           

                                      ·         02.03.3017
 

         Информираме дека oдделението  „Дрвореди“ на ЈП „Паркови и зеленило“ утре на 03.03.2017 година ќе изврши сечење на едно дрво од видот топола на улица „Перо Наков“ по издадено Решение за сечење .       

·             28.02.2017

Утре, на ден 01 март 2017 година, екипи на одделението „Дрвореди“ ќе вршат кастрење  на дрвја во нас. Ново Лисиче и на улица „Самоилова“. Акцијата на кастрење на суви дрвја продолжува и во наредниот период, како тековна работна активност на одделението. 

 

                       ·         22.02.2017

Информираме дека одделението „Дрвореди“ на ЈП „Паркови и зеленило“ на ден 23 февруари (четврток) 2017  година, ќе вршат сеча на едно дрво на улица „Благоја Страчков“ бр.6 во општина Центар, по издадено решение  за сечење од секторот за Комунални работи на Град Скопје. Дрвото се сече поради предизвикана материјална штета врз станбен објект, од кореновиот систем на дрвото.

Истовремено информираме дека акцијата за кастрење на дрвја продолжува во општина Аеродром на бул.„Јане Сандански“ и бул.„АСНОМ“.

                     ·         12.02.2017

Ве информираме дека екипите на Одделението „дрвореди“ на ЈП „Паркови и зеленило“ продолжуваат со акцијата за кастрење и сечење на сувите, болни и деградирани дрвја на булеварите „Јане Сандански“ и „АСНОМ“ во општина Аеродром до крајот на неделава.

Ве информираме дека утре ќе се сече едно суво дрво кај детската болница во Козле на ул.„Козле“ бб.

·         08.02.2017

Во Општина Аеродром на бул.„АСНОМ“ и бул.„Јане Сандански“, по барање на куќни совети, заедница на сопственици на станбени објекти за домување и граѓани, на ден 09, 10, 13 и 14.02.2017 година, екипи од Секторот „Дрвореди“ на ЈП „Паркови и зеленило“ ќе вршат сечење и кастрење на суви дрвја.

 

 

 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet