Реконструкција на зеленило на кружен тек во нас. Автокоманда

 

Деновиве екипи од секторот „Подигање на зеленило“ на ЈП „Паркови и зеленило“ работат на уредување на зеленилото на кружниот тек на бул. „Александар Македонски“ кај хотел Континентал во нас. Автокоманда. Поради зимскиот период на ниски температури и стагнација на вегетацијата, со затоплувањето се овозможува постепено уредување и одржување на зеленилото. Оттука, екипите со механизација вршат поставување на систем за полевање на зеленилото, реконструкција на веќе постоечката тревна површина, реконструкција на засадените делови со жива ограда и цветни леи. Етапно ќе се изврши уредување и на страничното булеварско зеленило.

 

   

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet